RQL – Медицински мебел

Гинеколошки столови RQL – Чешка

RQL е компанија за медицинска опрема од Чешка. Се занимава со производство на гинеколошки столови и столови за прегледи од сите области на медицинската пракса, кревети и друг медицински мебел.

Особен напредок е постигнат во производството на гинеколошки столови,со постигнување на идеална рамнотежа помеѓу квалитетот и цената. Поради ова RQL денес е високо признаен бренд на европскиот и на македонскиот пазар.

Компанијата нуди голем број модели на гинеколошки столови и варијации зависно од секојдневните потреби во Вашата ординација. Ви нудиме поволна можност да имате нов гинеколошки стол, избор од механичка до комплетно автоматизирана верзија, со исклучителен европски квалитет и поволна цена. Постои и модел на стол кој брзо и лесно се модифицира во кревет за вагинален и абдоминален ултразвук. Ова е особено корисна опција за заштеда од купување на дополнителен кревет, заштеда на простор, а се избегнува и преместувањето на пациентката во тек на прегледот.

Сите производи се произведени под ISO 9001 стандард со CE знак за квалитет.