Leisegang прецизна механика-оптика е стара германска фамилијарна традиционална фирма која на ова поле делува повеќе од 120 години. Национално како и интернационално колпоскопите на Leisegang се назначени како „ЗЛАТЕН СТАНДАРД“ и како такви се експортираат во повеќе од 70 земји. Колпоскопите на Leisegang се познати со својата брилијантна оптика која во спој со новата ЛЕД технологија на гинеколозите им овозможува прецизен пресликовен квалитет со тридемнзионален впечаток, кој овозможува најточна дијагноза. Палетата на понудените колпоскопи е широка и се протега од едноставен стандарден колпоскоп со можност за подесување на зголемувањето се до фото/видео колпоскопи со интегрирана или надворешна камера со приклучок на монитор каде понатаму може да се проследува до пациентот или графичка обработка на сликата.



www.leisegang.de